Протести на истокот на Русија поради апсење на регионален лидер

Илјадници граѓани излегоа на улиците на крајниот исток на Русија револтирани поради апсењето на градоначалникот на Кабаровск.

Тие маршираа до регионалната влада во градот извикувајќи слогани против претседателот Владимир Путин.

Градоначалникот на Кабаровск, Сергеј Фургал, бил приведен во четвртокот под обвинение дека наредил убиство на неколку бизнисмени пред 15-тина години.

Фургал го победи кандидатот на владејачката партија Обединета Русија на изборите пред две години, додека на неговата ултра-националистичка партија се гледаше како на политички субјект лојален кон Кремлин.

Сепак, дописниците на Би-Би-Си велат дека победата на Фургал бил голем удар за партијата предводена од Путин во овие делови на Русија.

Локалните и регионалните медиуми соопштија дека бројот на граѓани кои учествувале на протестот се движел меѓу 5 и 40 илјади лица. Градот има 600 илјади жители.

Штабот на лидерот на опозицијата, Алексеј Навални, соопшти дека протестот, кој траел скоро четири часа, бил „апсолутен рекорд за регионот и уникатна демонстрација на солидарност во општеството.