Протестен марш во Битола – граѓаните сакаат чист воздух

Протестен марш во Битола – граѓаните сакаат чист воздухЗдружението на граѓани „За нас се работи“ денеска организира протестен марш којшто ќе започне во 16 часот од платото пред споменикот Стив Наумов (офицерски). Преку отворање на нивните канцеларии, изложба на фотографии, музичка програма и прием на нови членови, здружението ќе се обиде да ја подигне свеста за чист воздух.

Граѓанската иницијатива се стреми кон поставување на мерна станица во централното градско подрачје, детектирање и санкционирање на аеро загадувачите и подобрување на кавлитетот на воздухот.