Протестен марш – „Не за неуставните закони за хонорарците“

Во петок (24 април) во 12:00 часот, движењето „Ајде“ организира протестен марш кој ќе започне пред Министерство за финансии против законите за хонорарците според кои тие на државата мора да плаќаат дополнителни 25% за придонеси за здравствено и пензиско осигурување.

Протестниот марш ќе заврши пред Уставниот суд, каде ќе бидат поднесени претставки за да се укинат законите кои според оваа иницијатива се неуставни.

„Ќе се поднесат околу 7.000 претставки на граѓаните и граѓанките на Република Македонија за укинување на неуставните закони, со кои се врши грабеж над хонорарците“, најавуваат од „Ајде“.