Пред зградата на Кривичниот суд во Скопје, за денеска во 19 часот на социјалните мрежи се најавува мирен протест за поддршка на поранешниот премиер Никола Груевски.
„Цела Македонија е сведок на неправдата која се врши врз поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски. Експресните постапки со скратени рокови имаат за цел единствено ставање во затвор на Никола Груевски. Кога неправдата е на сила, непокорот е единствениот пат до правдата!“, стои во фејсбук повикот на иницијатива која се нарекува „Правда за Никола Груевски“.
Груевски утре би требало да се јави на издржување двегодишна затворска казна поради злоупотреба на службената положба. Тој беше осуден во случајот на СЈО, „Тенк“ за начинот на кој со буџетски средства е набавено луксузно возило.