Протест во Тетово за отстранување на дивата депонија oд градот

Жители на Тетово најавија протест во среда (20 јули) напладне со кој ќе побараат надлежните да ја отстранат дивата депонијата на влезот на градот од која со години се шири неподнослива смррдеа.

„Дојдете заедно со вашите семејства преку протест да изразиме незадоволство од дивата депонија на влезот на градот“, се наведува во повикот за протестот.

Протестот ќе се одржи пред зградата на општината Тетово.