Протест во Скопје против ГМО и Монсанто

И Македонија се приклучува на глобалниот настан „Марш против Монсанто“ кој се одржува во сабота (24 мај) во стотици градови ширум светот.

монсантоПротестот е закажан на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со почеток во 13 часот.

„Протестот е организиран од граѓаните и нема никаква поврзаност со никоја политичка партија или НВО“, истакнуваат граѓаните кои се организираат преку социјалните мрежи.

Целта на настанот е да се подигне свесност за конзунмирањето генетски модифицирана храна. „March Against Monsanto“ е меѓународно движење против корпорацијата Монсанто и генетски модифицираните организами. Само лани во протестите ширум светот, организаторите велат дека на маршот учествувале околу 2 милиони луѓе во 436 градови и 52 земји.