Протест во понеделник – Шарената револуција контра новите задолжувања

„Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте. Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да продолжи да владее криминално. Нема да дозволиме! Не прифаќаме државата и граѓаните да тонат во долгови! Не ги признаваме долговите на расипниците!“

Со оваа порака учесниците во Шарената револуција ги повикаа граѓанитете утре  (11 јули), да излезат на нов протест во Скопје за да се спротивстават на одлуката за нови државни задолжувања.

Протестот е најавен во 19 часот, пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство.

Повикот за излегување на улица следи по владината одлука за издавање еврообврзница тешка вртоглави 650 милиони евра.