Протест утре во Карпош против деталниот урбанистички план

Жителите на општина Карпош за утре (23 јануари) најавуваат граѓански протест против деталниот урбанистички план, за кој организаторите на протестот велат дека донесен сомнително и нетранспарентно.

Протестот ќе почне во 12 часот, на раскрсницата кај „Сити мол“ на булеварот Партизански одреди.

„ Почитувани граѓани на Карпош и цело Скопје, Ве повикуваме да го поддржиме протестот на соседите од Карпош 3 и Тафталиџе 1 за повлекување на штетниот ДУП ! Да бидеме солидарни со нашите соседи и да им помогнеме во зачувување на нивниот животен простор, но и да покажеме дека ова ќе биде нашиот одговор на било чиј обид да се донесе штетен ДУП за било кој дел од Карпош и Скопје“, велат организаторите.