Протест против загадувањето во Tетово: „Менувам играчка за филтер“

„Менувам играчка за филтер“ – ова беше мотото на денешниот протест во Тетово организиран од граѓанското движење „Мајки и деца“. Со протестот и играчките симболично беше испратена порака до компанијата Југохром – што поскоро да ги стави заштитните филтри со кои ќе се намали загадувањето на Полошката котлина, јавува телевизијата 24 Вести.
Со марш и едукативна програма, граѓаните уште еднаш го потенцираа правото на секој човек – да вдишува чист воздух. Протестот беше поддржан и од невладината организација Еко герила. Оттаму велат дека информациите за отпочнување на процесот на вградување филтри во Југохром се неточни.
Протестот започна со програми подготвени од децата, а продолжи со марш по улицата Илинденска, а заврши со симболично положување на детските играчки во замена за филтри.


TETOVO PROTEST ZA VOZDUH 21 03 by 24vesti