Протест против загадувањето на воздухот во Тетово овој петок

Граѓанската иницијатива „Еко герила“ за овој петок (6 февруари) во 13:00 часот најави протест под мотото „Заштита или труење – трето нема“.

Иницијативата, која неколкупати досега организираше протести против екстремното загадување со ПМ10 честички во Тетово, бара од надлежните да преземат мерки за да се намали загадувањето, а досега повеќепати бараа од властите да издејствуваат престанок со работа на фабриката Југохром, додека компанијата не инсталира посебни филтри кои би го намалиле емитувањето штетни гасови.