Протест против израелската окупација – Исланѓаните ја искористија Евровизија за да испратат порака

За време на прогласувањето на резултатите,  групата Хатари, го искористи моментот додека беа во крупен кадар, да ги покажат знамињата за поддршка на Палестина. Камерите брзо го пренасочија фокусот од групата, а водителите на фестивалот видно вознемирени, веднаш продолжија со прогласување на резултатите.

Членовите на групата, на Инстаграм објавија видео, каде веднаш потоа им се одземени знамињата на Палестина.

Евровизискиот настап на Мадона беше искористен и од страна на нејзините танчери, кои во еден момент на сцената ги прикажаа едно до друго двете знамиња, на Израел и на Палестина.

Пред оддржување на фестивалот, имаше бројни повици за бојкот против израелската окупација на палестинските територии. Додека течеа последните подготовки во Тел Авив, пред салата демонстранти држеа натписи со содржината „Слободна Палестина“ и „Бојкотирајте Евровизија“.

Улогата на Израел како земја домаќин на годишнешиот фестивалот резултираше со тоа илјадници обожаватели на Евровизија да го бојкотираат настанот.