Протест против изградба на хидро-електрани во Националниот Парк Маврово

Во сабота во 12.00 часот пред Тетовскиот Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, односно пред поранешен ТЦ Мост ќе се одржи протест против изградбата на хидро-електрани во Националниот Парк Маврово.

Протест против изградба на хидро-електрани во Националниот Парк Маврово

Од Друштвото на Дебраните “ОДА ДИБРАНЕ” соопштуваат дека протестот ќе има еколошки карактер и е против намерата на институциите за изградба на две хидро-електрани во појасот на Национален Парк Маврово.

Според организаторите, доколку се реализираат ваквите најави за градење во националниот парк,  тие може да имаат негативното влијание врз целокупниот био-диверзитет на овој парк, како и значително негативно влијание врз реката Радика и Дебарското езеро.

„Секој кој што има и најмало чувство за зачувување на убавините на Радика, кои се меѓу најубавите и најчистите во Европа, е поканет и треба да не поддржи во сабота“, велат од Друштвото на Дебраните “ОДА ДИБРАНЕ”.