Протест против девијацијата на реката Радика

Со мотото „Граѓани, протестирајте денес, за утре да не биде предоцна!“ се организира протест за спас на реката Радика.

радика

Протестниот собир е најавен во петок (14 март) во 13 часот на плоштадот „Скендербег“ во Дебар.

„Да се здружиме сите заедно за да се спротивставиме на овој проект и силно да протестираме против девијацијата на реката Радика, бидејќи тоа е протокот на нашата иднина“, се наведува во повикот од организаторите.

Од Иницијативен одбор за заштита на реката Радика ги повикуваат сите приватници, како и вработените во институциите, во знак на солидарност со протестот (на 14 март од 13 до 14 часот) да ги прекинат своите активности и да се приклучат кон протесниот собир.