Протест пред ССМ против окупирањето на работничките синдикати

Левичарските здруженија „Солидарност“ и „Ленка“ утре (24 април) во 13 часот пред Сојузот на синдикати на Македонија организираат протест „против окупирањето на синдикатите од страна на бирократските елити“.

Протестот ќе се одржи пред ССМ, но е насочен и против останатите синдикални федерации (КСС, УНАСМ и КСОМ), бидејќи тие и годинава имаат намера да го преспијат Први мај, велат организаторите. Според нив, овој протест е против угнетувањето на работниците од страна на политичките елити, против неактивноста на синдикатите, за солидарност со работничката борба и за поддршка на работниците во пресрет на 1 Мај. Протестот е во склоп на Месецот на социјална правда и работничка борба, кој ќе кулминира со протест на Први мај.