Утре (3 октомври) во 18 часот пред Собранието на Република Македонија е најавен протест поради несовесното и невнимателно возење по улиците и булеварите.
Протестот е насловен „Стоп на дивеењето на улиците и булеварите!“ и е најавен во полиција.
„Поради неспособноста на надлежните органи (МВР) да го спречат дивеењето по улиците, што неретко завршува со пешаци како жртви, да излеземе на протест и побараме од државните избраници да нѐ заштитат вршејќи притисок врз МВР да конечно почне да ги санкционира прекршителите навреме, пред да се случи нова трагична несреќа“, се вели во повикот.
Само во месец септември во сообраќајќите во главниот град животот го изгубија најмалку осум лица. Секоја година на патиштата во Македонија гинат стотици лица, лани бројката изнесуваше 155, преклани се загубени 165 животи.