Протест на здравствените работници во Франција, го бараат ветеното покачување на платите

Здравствените работници од француските болници вчера повторно излегоа на улиците во неколку градови барајќи повеќе од ветените 6.3 милијарди евра одвоени за здравството, пренесува српски „Н1“.

Синдикатите и работниците, кои протестираа на 16 јуни, продолжуваат со притисокот на владата и на Министерството за здравство.

На крајот на мај властите ветија средства наменети за покачување на платите и за подобра организација на здравствениот систем. Не се наведува колкави средства бараат работниците кои се погодени од кризата на коронавирусот.

Конечниот договор за издвојување средства за здравството ќе биде соопштено во петок.

Министерот за финансии Бруно ле Мер изјави дека владата ќе стори се што може за здравствените работници, не наведувајќи детали.