Протест на студентите во Каиро, полицијата користи солзавец

Со солзавец синоќа полицијата во Каиро се обидуваше да ги растури трите студентски собири, организирани за поддршка на соборениот претседател Мохамед Морси. Протестите се случуваат само два дена пред најавениот референдумот за новиот Устав на земјата.

Протест на студентите во Каиро, полицијата користи солзавец
Како што објави Тhenews, судири имало пред Каирскиот универзитет, како и пред универзитетите „Ал Азхар“ и „Ан Шамс“.Според соопштија претставници на силите за безбедност уапсени биле 19 студенти.

Демонстрациите беа организирани пред референдумот за новиот Устав, кој властите поставени од армијата, го закажаа за вторник и среда. Ова изјаснување се претстаува како прва етапа од демократската транзиција во Египет, откако во јули војската го собори од власта претседателот Морси.

Предлог-текстот на новиот Устав беше исчистен од религиозните примеси вметнати во највисокиот државен правен акт при владеењето на Морси, но уште повеќе ги проширува надележностите на армијата.