Протест на Шарена револуција во понеделник

Граѓанските здруженија Протестирам и Шарена револуција најавија протест за понеделник (27 јуни), од 19 часот пред просториите на СЈО.

Граѓаните протестираат бидејќи, велат, правдата е под сериозна закана, Уставниот суд е под партиска опсада, Груевски и Иванов им се закануваат на граѓаните, а власта сака да преговара тајно и не го слуша мислењето на граѓаните.

Протестите на Шарената револуција траат веќе 80 дена, и иако успејаа да ги спречат изборите на 5 јуни и приведените протестанти беа ослободени, дел од нивните барања не се исполнети – Уставниот суд да ја признае уставноста на СЈО и актуелната Влада и Претседател да дадат оставка.