Протест на просветните работници во Штип, бараат пристојна плата и сигурни работни места

Со паролата „Пристојна плата и сигурни работни места” наставници и воспитувачи денеска одржаа синдикален протест во Штип. Тие побараа повисоки плати и подобри услови за работа.

Се пожалија дека со плата од 23.500 денари не може да има пристоен живот, а властите дека се глуви на нивните барања.

Организатори на протестот беа Конфедерацијата на слободни синдикати и СОНК. Тие најавија генерален штрајк ако нивните барања не бидат усвоени.