Протест на Македонците во Загреб со барање за „општа аболиција 2.0“

Граѓанскатa иницијатива на Македонците во Хрватска денеска одржа сатиричен протест под наслов Колективно помилување – Општа аболиција 2.0. на Плоштадот на жртвите на фашизмот и пред Амбасадата на Република Македонија во Загреб. На граѓаните на Хрватска, со потекло од Македонија.

Граѓанската иницијатива смета дека општата амнестија не ги опфати сите казнени дела извршени на штета на македонската држава. Затоа, на овој сатиричен протест на учесниците им беше овозможено да ги запишат своите гревови за кои сметаат дека треба да бидат амнестирани. Така, граѓаните апелираа до претседателот Иванов да ги помилува затоа што „често користат заштитен фактор кога сјае вечното сонце“, затоа што „умреле, а не станале ВМРО-овци“, додека некои апелираат до власта да ги помилува затоа што со симпатии гледаат на протестантите кои подолго од месец дена бараат промена на власта на македонските улици, ветувајќи дека „нема да се повтори“.

На протестот беа прочитани и барања за помилување од истакнати лица и организации од Хрватска и Македонија, на сатиричен наин.

„Претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ го замоли претседателот да ја помилува поради `чување на неговиот грб на заедничката свечена вечера во Скопје на ден 12.04.2016 г. кога колективно помилуваше лица обвинети за тешки казнени дела изборна измама и корупција, додека граѓаните ја демолираа неговата канцеларија`. Даниела Караѓозоска, амбасадорка на Македонија во Хрватска побара помилување поради `кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи, користење на службеното возило на амбасадата во приватни цели и јавни навреди и дискредитирање на членовите на Граѓанската иницијатива за време на антивладиниот протест во мај 2015`. Маријана Петир, застапничка во Европскиот парламент побара помилување поради ‘давање силна поддршка на македонските конзервативни истомисленици на власт, оптужени за тешки криминални дела, нудејќи за возврат зачленување 10 земји во Клубот на пријатели на Македонија во Европскиот парламент кој го основала од чиста и искрена љубов кон Македонија. На крајот на своето барање Петир додава: ‘Бог ќе ве помилува!’. Последно беше прчитано барањето за помилување кое претседателот Иванов го напишал за себе, а во него наведува дека себеси ќе се амнестира за извршено кривично дело државен удар врз правниот и уставниот поредок на Република Македонија“, се наведува во соопштението за денешниот протест во Загреб.

Имајќи во предвид дека македонската амбасада има должност да ги исполнува потребите и барањата на сите граѓани од матичната земја, од Граѓанската иницијатива истакнаа дека очекуваат од амбасадата да ги проследи молбите за помилување до македонскиот претседател по дипломатски пат, од кого пак очекува да одговори на барањата на граѓаните.