Протест и блокада на фабриката „Железара“ утре

Граѓанската иницијатива „Стоп за фабриката Железара“ преку Фејсбук најави нов протест и блокада пред влезот во фабриката, кој ќе се одржи утре (2 јули) во 17 часот.

Протест и блокада на фабриката „Железара“ утре

„Покрај тоа што објавија дека фабриката Железара престанала да работи на одредено време, деновиве е позагадено од кога било. Можеби не сметаат за слепи, будали, и ова го прават со намера. Да покажеме дека не сме до толку жалосни и да пружиме барем најмал отпор! Протест со блокирање!!! Филтри веднаш!!!“, стои во описот на настанот на Фејсбук.

На страницата граѓаните објавуваат фотографии, видеа и коментари за проблемите со загадувањето кои ги предизвикува оваа фабрика, а кои надлежните не ги санкционира.