Протест денеска „Битола сака да диши!“

Битолчани, денеска во 16 часот ќе излезат на протест пред општината на протестот против енормното аерозагадување насловен „Битола сака да диши!“.

Како што се посочува во најавата на протестот, по барање на иницијативата „Поинаку“, советот донесе заклучок со кој бара од Владата на Република Македонија на првата следна седница да донесе одлука за субвенционирана струја за граѓаните на Општина Битола.

„Бидејќи ова е прв пат едногласно да се изгласа нешто во интерес на битолчани и бидејќи мерката мора да се реaлизира, во 16 часот ги повикуваме на протест прво советниците кои гласаа за мерката, градоначалничката Наташа Петрова сите битолчани, студенти, средношколци, политичари, пензионери и сите оние кои се свесни за состојбата со аерозагадувањето во која се наоѓа Битола да дојдат пред општина Битола и заедно сите да го искажиме својот револт и да ја повикаме Владата на РМ за итно решавање на проблемот. Ги повикуваме сите оние кои знаат дека воздухот нема политичка ориентација и дека болестите не одбираат партиска припадност. Се гледаме пред општина“, стои во повикот.

Електро-енергетскиот стожер на Македонија РЕК „Битола“ е најголемиот загадувач во Пелагонискиот регион.