Проширен е Конкурсот за наградата за млади автори „Македонска книжевна авангарда“

Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје го распишуваат конкурсот за наградата „Македонска книжевна авангарда“ за најдобрата објавена книга од млад македонски автор во 2013 година.

Проширен е Конкурсот за наградата за млади автори  „Македонска книжевна авангарда“

За наградата може да конкурираат автори на возраст до 35 години од областите: поезија, проза, критика, есеј, драма чие дело е најавангардно, односно најспецифично, најоригинално и најквалитетно (највредно).

Авторите не можат самите да се предлагаат, а предлозите треба да се испраќаат на мејл: feniksmk@hotmail.com заклучно до 15 јануари 2014.

Од „Феникс“ информираат дека интересот за Конкурсот е голем, објави Соoltura. Поради тоа што самите автори не можат да се предлагаат за наградата, туку треба да чекаат друг нив да ги предложи,  организаторите одлучиле да распишат и Конкурс за наградата „Македонска книжевна авангарда“ на кој ќе можат да учествуваат сите заинтересирани автори до 35-годишна возраст кои објавиле книги во 2013 година.

Секој автор може да учествува со едно или повеќе свои новообјавени дела, кои треба да ги достави во по 4 примероци. Примероците не се враќаат, а можат да се достават лично или да се испратат по пошта на адреса на Издавачката куќа Феникс. Рокот за доставување на книгите е до 25 јануари 2014 година.