„Пропелер Фест“ – ревија на претстави на Театарот на навигаторот Цветко

Со изведба на претставата „Антигона и Креонт“ во режија на Нела Витошевиќ, вечер во Кино Култура ќе биде отворен фестивалот „Пропелер Фест“ – ревија на три претстави на „Театар Навигатор Цветко“ за крајот на годинашната театарска сезона во Кино Култура.

Фестивалот ќе трае до 22 јуни, а почетокот на претставите е од 20 часот. „Антигона и Креонт“, во која играат Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Симона Димковска, Зоран Љутков, Благој Веселинов и Стефан Вујисиќ, ќе биде изведена и на 18 јуни.

На 15-ти и на 22 јуни е претставата „Лерин, полиња жито, ридишта крв“ во режија на Слободан Унковски, а на 20 јуни – „Солун, град на духови“, исто така на режисерот Унковски.