Пронајдено телото на најстариот британски диџеј, Дерек

Дерек Серпел-Морис, попознат како диџеј Дерек, е починат, објавија британските медиуми. Телото на еден од најстарите светски диџеи е пронајдено во околината на Бристол, откако тој беше пријавен за исчезнат во јули минатата година.

74-годишниот Морис е роден во Бристол, а започнал да пушта музика во 70-те години, во два многу посетувани паба во градот. Тој беше најпознат по музиката од црни артисти, а пушташе реге, денсхол и ска.

Пред да се пензионира пред две години, диџеј Дерек беше многу ценет во британските музички кругови. Во 2010 година, се појави во спотот за песната „Dirtee Disco“ на Дизи Раскал. Настапуваше и на големите фестивали, како „Гластонбери“.

Полицијата соопшти дека не ја истражува смртта на диџејот како сомнителна.