Пронајден засега најстариот астероидски кратер, научниците го поврзуваат со крајот на леденото доба

Научниците го пронајдоа најстариот астероидски кратер во Австралија и сметаат дека тој е причината за излегувањето на Земјата од леденото доба. Астериоидот удрил во областа Јарабуба во западна Австралија пред 2.2 милијарди години, што го прави кратерот стар колку половина од староста на Планетата Земја.

Научниците го добиле овој заклучок преку тестирање на минералите пронајдени на самото место. Тие велат дека овој пронајдок е возбудлив бидејќи е “виновен“ за затоплувањето во леденото доба.

Кратерот бил пронајден во пустинскиот предел во 1979 година, но геологистите претходно не ја истражиле неговата старост.

Поради милијарди години поминати во процесот на корозија, кратерот не е видлив за голото око. Научните ги мапирале лузните во магнетското поле на подрајчето и го забележале дијаметарот на кратерот кој изнесува 73 километри.

„За да увидат кога астероидот удрил во Земјата, тимот проучувал мали циркони и моназитни кристали во камењата. Тие биле шокирани кога резултатите може да се читаат како прстените на дрвјата“ – изјавил професорот Киркленд.

Кристалите содржеле мали количества на ураниум. Бидејќи ураниумот се распаѓа во олово по точен линеарен терк, научниците можеле да пресметаат колку време поминало по ударот. Кратерот е за 200 милиони години постар од досегашната најстара ваква структура во Јужна Африка.

„Нас не интересираше оваа локација бидејќи пејсажот на западна Австралија е многу стар, но не очекувавме кратерот да биде волку стар. Апсолутно е возможно дa постои и постар кратер кој чека да биде откриен, но многу е тешко тој да се пронајде бидејќи кората лесно еродира и со тоа се губи раната историја на Земјата“- дополнил професорот Киркленд.

Дали е можно астероидот да ставил крај на леденото доба?

Времето на ударот на астероидот може да го објасни феноменот на затоплување на Земјата во ова доба, тврдат истражувачите.

Научниците веруваат дека планетата пред ударот била во своите ледени периоди. Но во некоја точка, мразот се стопил и планетата почнала забрзано да се затоплува.

Преку компјутерско моделирање, тимот пресметал дека астероидот удрил во километарски дебела покривка од мраз. Овој судир ослободил големи количини на водена пареа во атмосферата. Ова потпомогнало во затоплувањето на Земјата која тогаш била во Протерозојската ера – фаза во која кислородот едноставно се појавил во атмосферата, а комплексната форма на живот се уште не била формирана.

„Ние бевме многу возбудени поради староста на кратерот, но кога ќе го ставиме во контекст на другите случувања на Земјата, навистина станува интересно“ – изјавил Киркленд.

Извор: BBC