Промовирани учебници на Браево писмо

На првиот ден од Саемот на книга во Скопје, Проектот за децата со пречки во видот, заедно со своите партнери издавачката куќа Арс Ламина, ги промовираа дел од учебниците за основно образование, адаптирани и отпечатени на Браево писмо кои ќе им бидат достапни на децата со оштетен вид.

Проектот е продолжен до 2020 година од страна на донаторите. Оттука, на самиот настан беа најавени идните активности со кои ќе се продлабочи соработката помеѓу Арс Ламина и Проектот и тоа преку адаптација на дополнителна содржина за Браево писмо, детски романи и белетрискита како и креирање на аудио книги на дел од изнанијата на Арс Ламина, прилагодување на дидачките материјали за учениците со пречки во видот на Браево.

Младиот Алдин Шерифи, ученик на државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје и посетител на ресурсниот центар во Тетово, кој има целосно оштетување на видот, прочита неколку редови од адаптираните книги на Браево на присутните. Потоа тој отсвири неколку класични нумери на клавинова на присутните.

Проектот на УСАИД и LCIF за деца со пречки во видот (CwVIP) е 6 годишен проект кој започна во октомври 2014 година и понатаму се спроведува од страна на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), а финансиран е од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и Меѓународната Фондација на Лајонс Клубовите (LCIF). Главниот фокус на проектот е да им обезбеди на децата со пречки во видот, писменост и нивен пристап до образование.

„До сега се отпечатени 21 наслови на Браево писмо, меѓу кои: учебници по математика, природни науки и хемија, на македонски и на албански јазик, детски класици и бајки од Македонија“, изјави Бранка Бугариска, директор на издаваштво во Арс Ламина.

„Пристапот до квалитетно образование е универзално човеково право. До 2014, помалку од еден процент од македонските деца со оштетен вид можеа да читаат Брајова азбука (систем за пишување кој им овозможува на слепите и лицата со делумно оштетен вид да читаат и пишуваат со допир). Горди сме што со благодарение на Лајонси, УСАИД и Југоисточно европски Универзитет и сите наши партнери како што е Арс Ламина, успеавме преку овој благороден Проект да ја смениме оваа реалност за лицата со оштетен вид во Македонија“, истакна Давор Каракашев, Координатор на Проектот на ЛЦИФ и УСАИД за децата со пречки во видот.

Проектот е составен од три компоненти: образовна, медицинска и социјална компонента.

За образовната компонента, се отворени и опремени 5 Ресурни центри во пет градови (Скопје, Тетово, Битола, Велес, Штип), каде децата со оштетен вид посетуваат дополнителна настава. Исто така, сите учебници за основно образование (1-9 одделение) на македонски, албански и турски јазик се прилагодуваат и печатат на Браево писмо за да одговарат на образовните потреби на децата со пречки во видот.

За медицинската компонента, тимот од 15 истакнати офталмолози вршат очни скрининзи за деца од предучилишна возраст во детските градинки во цела Македонија. Од почетокот на Проектот до денес, во соработка со офталмолозите, прегледани се 10.000 деца на возраст од 3 до 6 години.

За социјалната компонента во рамки на Проектот и во соработка со Црвениот Крст на град Скопје отворен е Центарот за поддршка на слепите лица во Скопје за редовно психолошко советување, дружење, размена на информации и совети за вклучување и користење на системот на социјална и здравствена заштита во Македонија, помош мобилност и транспорт, кариера и развој на вештини за работна подготвеност на лицата со оштетен вид.