Промовиран Советодавниот сервис за млади – нова платформа за младинско информирање

Младинскиот образовен форум (МОФ) го промовираше Советодавниот сервис за права на млади кој треба да ги мотивира младите да прашуваат и бараат решенија преку кои ќе ги заштитат своите права, а истовремено претставува и платформа за младинско информирање во областа на правото и правните процеси.

Овој младински сервис, кој е достапен на www.servismladi.mk има цел да обезбеди советувања и поддршка за младите како полесно да ги остварат своите права и како да ги разберат демократските процеси и правните механизми кои им стојат на располагање за нивна заштита на нивните права.

Советодавниот сервис за права на млади нуди информирање и советување на младите во неколку категории, и тоа: прашања и проблеми поврзани со средното образование, високото образование, но и млади и комуникација со органи и институции на локално и национално ниво, во области од нивниот секојдневен живот.

„На Советодавниот сервис младите можат да се обратат и да побараат решение преку поставување на прашање кое пристигнува директно до тимот на младите советници, а одговор ќе добијат во рок од 5 (пет) работни дена. Прашањата можат да се поставуваат на македонски и албански јазик, на копчето „Постави прашање“ со пополнување на неколку полиња по што прашањето е веднаш проследено до тимот. Значајно е тоа што прашањата се поставуваат анонимно или со име/псевдоним во зависност од опцијата која ќе ја изберат, а одговорите од советниците не содржат лични детали, ниту пак информации преку кои може да се идентификува лицето кое го поставува прашањето“, појаснуваат од МОФ.

Освен да постават прашање, на платформата младите можат и да ги видат претходно поставените прашања и да се информираат на теми кои може да им бидат корисни и ги засегаат. Во рамки на страницата посетителите ќе можат да најдат и публикации, истражувања и колумни изработени од млади или кои се однесуваат на младите и младинските права и прашања.

Од МОФ информираат дека платформата е креирана во рамки на Проектот за младинско изразување, финансиран од Европската Унија,