Промовиран краткометражниот филм „Втора шанса“

Младински образовен форум – Тетово во соработка со Центарот за развој и унапредување на јавниот живот во Тетово одржа промоција на краткометражниот филм „Втора шанса“, изработен целосно од страна начленови на медиа/арт клубот на МОФ од Тетово.. Проекцијата на филмот беше дел од еднодневниот настан по повод Меѓународниот ден за борба против дрогите.

Борислав Павлоски од Центарот за унапредување и развој на јавниот живот пред проекцијата на филмот ги објасни активностите на здружението на полето на превенција и заштита од дроги. Тој посочи дека расте бројот на зависници и корисници на нивната програма, но расте и бројот на оние кои се обратиле во здружението и побарале помош.

По проекцијата на краткометражниот филм, претставници од Центарот за социјални работи од Тетово отворија дискусија со присутните на настанот за употребата и заштитата на дрогите. Тие посочија дека младите мора да се претпазливи и едуцирани за овој порок и упатија апел едукативниот филм да се прикаже во тетовските училишта, со цел младите да се запознаат и да се едуцираат со оваа тематика.

Краткометражниот филм е во режија на Глигор Кондовски и сценарио на Тоше Секуловски. Ова е трета промоција на краткометражен филм изработен од членовите од тетовскиот клуб. Претходно се одржа промоција на краткометражните филмови „Актерската игра е само сон“ и „Драг дневнику“.

Бобан Костадиновски