Промовиран Индекс за младински развој во Македонија

Коалицијата на младински организации СЕГА го објави првиот Извештај за 2018 година од Индексот за младински развој Македонија. Преку овој Индекс, најниски вредности се идентификувани кај вработување, образование и граѓанско учество.

„Оваа алатка е прва од ваков тип кај нас во Македонија и истата го бележи напредокот на граѓанското учество на регионално ниво. Индексот претставува ресурс со кој граѓанските организации како и локалните чинители ќе користат релевантни мерливи податоци за да ги адресираат актуелните потреби на младите во образованието, здравството, вработувањето, како и граѓанското и политичкото учество“, изјави Зоран Илиески, тим лидер на проектот од Коалиција на младински организации СЕГА.

Индексот дава и насоки во кои области е потребно да се интервенира и кои приоритетни аспекти би требало да се покријат. Индексот за младински развој во Македонија, се воведува како нова и иновативна алатка за решавање на потребите на младите на сите нивоа.