Промоција на романот ,,Животот и сиот тој џез” од Сандра Пановска

Во Галеријата на Младинскиот културен центар вечерва (18 декември) ќе биде промовиран романот првенец на Сандра Пановска, насловен „Животот и сиот тој џез“.

Промоција на ,,Животот и сиот тој џез" - од Сандра Пановска

„Животот и сиот тој џез“ е книга за љубовта, за една млада девојка која ќе се обиде да си го пронајде патот во животот. Поставува многу прашања, дали вие се имате пронајдено, дали сте во вистинско време , на вистинско место, дали сакате вистински луѓе и дали тие ве сакаат вас.

Романот го промовира проф. д-р Антонио Митриќески, а извадоци од делото ќе чита актерот Владо Јовановски, додека  музичка придружба на саксафон е Славче Петрушев.

„ Приказната зборува за љубовта, вербата и надежта.Да се биде борец. Само слабите во дух и егоистите кои не се сакаат себеси не веруваат во животит и не се борат до крај “, ќе рече рецензентот Митриќески.

Сандра Пановска е родена 1990 година во Штип, живее во Пробиштип, студира молекуларна биологија. Романот „Животот и сиот тој џез “ е нејзин прв роман.