Промоција на романот „Аламут“ од Владимир Бартол

Во Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ денеска ќе биде промовиран романот „Аламут“ на словенечкиот писател Владимир Бартол во превод на професор Соња Должан.

Промоција на романот „Аламут“ од Владимир Бартол

Промоцијата на македонското издание на романот е во рамки на одбележувањето на 8 Февруари – словенечкиот празник на културата. Промотор на изданието ќе биде професор д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Владимир Бартол е словенечки писател, драматичар, есеист и публицист, роден 1903 година во Трст. На меѓународната јавност и стана познат со историскиот роман „Аламут“ од 1938 година кој ги опишува верските конфликти во исламскиот свет.

Романот поради својата актуелна тема стана посебно популарен по тероростичките напади во Њујорк, Мадрид и Лондон, по седум децении од своето прво објавување.