Промоција на резултатите од проектот „Младите и полицијата – кои се нашите права?“

Во среда (19.03) со почеток во 12.00 часот во просториите на Клубот на новинари ќе се одржи промоција на резултатите од проектот „Младите и полицијата – кои се  нашите права?“.

Промоција на резултатите од проектот „Младите и полицијата – кои се нашите права?“

Проектот е во организација на Коалицијата „Сите за правично судење”  и е имплементиран во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија, а во соработка со партнер организацијата фондација за дебата и едукација Идеа ЈИЕ, во период од октомври 2013 – февруари годинава.

„Во изминатиот период беа реализирани бројни активности, меѓу кои, успешно одржаните пет работилници во пет градови од Македонија, како и креирање на веб страна и мобилна апликација со податоците од одржаните работилници“, соопштуваат од Коалицијата.

Коалицијата „Сите за правично судење” е здружение на 18 невладини организации активни на полето на заштита на човековите права и владеење на правото.