Промоција на краткометражниот филм “Втора шанса” во Тетово

Промоција на краткометражниот филм “Втора шанса” во ТетовоМладински образовен форум (МОФ) со задоволство ве поканува на промоција на краткометражниот филм „Втора шанса“, во сценарио на Тоше Секулоски и режија на Глигор Кондовски.

Ова е трета ваква промоција на филмски продукти, комплетно изработени од страна на медиа/арт клубот кој функционира во склоп на МОФ Тетово. Покрај проекцијата на филмот, предвидена е и дискусија за тематиките кои ги обработува филмот, а кои се од огромна важност за сите граѓани на општина Тетово.

Модератори на настанот ќе бидат :
Оливера Цветковска – Психолог во Центар за социјални работи Тетово / член на Координативно тело за борба против дроги и Хив/Сида на општина Тетово,
Насер Ќамили – Секретар на Хуманитарно Здружение Ел Хилал -огранок Тетово и член на Координативно тело за борба против дроги и Хив/Сида на општина Тетово,
Елена Мишевска – Координатор на Младински образовен форум-Тетово и
Борислав Павлоски – Извршен директор на Центар за развој и унапредување на јавниот живот

Промоцијата на филмот ќе се одржи на 26 јуни 2013 (среда) во просториите на Центарот за развој и унапредување на јавниот живот во Тетово, со почеток во 19:30 часот.

Настанот се реализира во соработка со ЦРУЈЖ по повод меѓународниот ден за борбра против дрогите!

Дизајнот на постерот е изработен од страна на Никола Ѓурчиновски – член на Медиа/арт клубот на МОФ Тетово.