Промоција на интернет-порталот „Лирскиот дом на Ацо Шопов“

Промоција на интернет-порталот „Лирскиот дом на Ацо Шопов“По повод 70 години од објавувањето на првата поетска книга на македонски јазик во слободна Македонија „Песни“ од Ацо Шопов, Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе го промовира повеќејазичниот интернет-портал „Лирскиот дом на Ацо Шопов“.

Промоцијата е закажана за в среда (8 октомври) во 10:00 часот во салата за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Поздравна реч ќе одржи проф. д-р Славица Велева, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а слово за Шопов и интернетскиот портал посветен на неговото творештво – проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, раководител на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Порталот ќе го претстави Јасмина Шопова, ќерка на поетот, носител на проектот „Лирскиот дом на Ацо Шопов и препејувач.