Промоција на две збирки раскази вечерва во „Менада“

Во организација на издавачкиот центар СЛОВО ЉУБВЕ  и центарот за култура, едукација и толеранција БУКВИБУКС ќе бидат представени збирките  раскази „Од друга страна“ на Фросина Стојковска и „Пишанки или раскази на вересија“ на Олгица Станковска. За првите изданија на едицијата на дебитантски прозни дела Моја, ќе зборува проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, а извадоци ќе читаат Благица Петрова, Борјана Мојсовска и Игор Поповски.

На настанот којшто ќе се одржи во Менада (Стара чаршија) во четврток (06. Јуни 2013) со почеток во 20 часот, издавачот ќе го објави конкурсот за необјавено дебитантско прозно дело за 2013, коешто ќе биде објавено во едицијата Моја.