Промотор осуден на четири години затвор откако пет лица загинале на настап на Стив Аоки

Шпански промотор, кој во 2012 година организираше настап на Стив Аоки, на кој пет жени беа прегазени, е осуден на затворска казна. Мигел Анхел Флорес, главен промотор на Трилер мјузик парк шоу, доби максимална казна од четири години зад решетки.

Флорес и седум од вкупно 15 лица обвинети за трагедијата се обвинети за небрежност и убиство. Останатите седум обвинети, меѓу кои и поранешниот директор на полицијата во Мадрид се ослободени од сите обвиненија.

Шпанските судии заклучиле дека на настапот намерно биле продадени карти на шест илјади посетители, што е над капацитетот, а персоналот не бил подготвена да се справи со толку голем број на посетители. Неколку излези биле затворени кога се случило стампедото.

Како резултат на казната, на Флорес му е забрането спроведување на каква била работна дејност. Сепак, шпанските медиуми известуваат дека тој планира повторно да го отвори својот клуб Макумба во Мадрид, откако минатата година беше затворен по настапот на Аоки.