Промотивен настан за фестивалот „Под земја полесно се дише 6“

Екипата што го прави шестото издание на фестивалот „Под Земја Полесно се Дише“, организира промотивен „фандрејзинг“ настан за овој фестивал.

Настанот ќе се одржи во четврток, 29 ноември, во Галерија 7, со почеток во 20.00 часот.

Најавена е  продажна изложба на цртежи и акустичен соло концерт на Филис Синаноска.

„Под Земја Полесно се Дише“ е независен фестивал за експлоатација на идејата за журка, свирка, изложба, перформанс, проекции.