Промотивен концерт на #ЕксЈу, шестиот албум на ПМГ Колектив

ПМГ КолективСкопската концертна промоција ќе на шестиот албум , насловен  #ЕксЈу (#ExYou), на македонскиот музички состав ПМГ Колектив ќе се одржи вечерва (16 април) во Станица 26.

#ЕксЈу (#ExYou) беше издаден на 2 април и содржи 9 песни, кои сликаат еден современ, урбан скопски, па и македонски пејсаж; авантуристички поп албум со позитивен став и поглед напред, или како што се вели во песната Среќен – “Среќен, научи да бидеш среќен”. Музички издржан, инспративен, динамичен и забавен македонски електро поп албум.

„#ЕксЈу (#ExYou) или „поранешен ти” е игра на зборови, именување на албумската целина која музички претставува еден интимен, но во исто време и брутално јавен поглед кон себе и градот како неодвоив дел од идентитетот. Поглед кој ја зема личната или преземена меморија од едно време (како што се вели во песната 80-ти „Мала, јас сум фраер одамна во градот, уште од 80-ти”) и дава една жива, пулсирачка, совремна слика на нас и градот (како што се вели во песната Култура- „Тоа е нашата слика – Култура”)“, појаснуваат од ПМГ.

ПМГ Колектив работеше на албумот година и половина. Албумот излезе на  2 април, како 119 издание за македонската издавачка куќа ПМГ Рекордингс. Освен во ЦД формат, албумот може да се спушти бесплатено на веб страната на ПМГ Рекордингс.

Албумот беше најавен со три сингл изданија: 80-ти (2014), Ретко те гледам со девојки (2015) и Ти си мојот свет (2015).  Вечерашниот концерт , со почеток во 22 часот, е негова промоција пред домашната, скопска публика.Освен концертот, вечерта ќе биде надополнета и со диџеј сетови на Нино Наумов и Мирко Попов.

ПМГ Колектив во текот на овој месец го промовираа албумот #ЕксЈу со концерти во неколку македонски градови, Куманово, Струга, Гевгелија и Тетово. Исто, така имаа и мала турнеја во поранешна Југославија и успешна концертна презентација во Сараево и Сплит, која во текот на месец јуни ќе опфати и други градови од овој регион. Во Македонија, веднаш по концертот во Скопје, на 17 април следува концерт во Велес, а концертната прмоција низ државата ќе продолжи во следниве два месеци.