Промоцијата на списанието Филозофска трибина посветено на образованието

Филозофското друштво на Македонија во соработка со гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ утре (15 октомври) ќе го промовира новиот број на списанието Филозофска трибина на тема „Филозофијата и образованието“ .

Како што соопштија до Друштвото, во овој број на списанието се собрани голем дел од текстовите од минатогодинешниот симпозиум на оваа тема, а објавени се и голем број на авторски текстови, студентски текстови, еден средношколски текст и повеќе прилози од филозофскиот живот во Македонија.

Промотор ќе биде доц. д-р Стефан Сидовски, а промоцијата ќе се одржи во Свечената сала на гимназијата, со почеток во 12:30 часот.