Промоција на „Зошто слобода“ на Том Г. Палмер на Правен факултет во Скопје

„Зошто слобода“ е книга составена од есеи за идеите на слободата на 21-ви век, а е преведена на македонски јазик од студентската група Students for Liberty. Утре (четврток) во 12 часот во Правниот факултет Јустинијан I ќе биде одржана нејзина промоција.

Промотори на книгата се Никола Г. Петровски, Никола Љ. Илиевски и Катерина Шапкова.

„Зошто слобода“ е составена од есеи на студенти, политиколози, новинари, филозофи и активисти кои се занимаваат со промоција на идеите на слободата во 21-виот век. Својата мисија ја остваруваат преку конференциите, форумите и другите настани организирани од движењето Students For Liberty, кое е распространето со студентски групи на универзитетите на сите континенти.

Книгата е издадена во 2013 година во САД, а преводот на македонски јазик го направија ентузијасти од Students For Liberty – Macedonia од Битола, со дозвола за превод од авторот и издавачот. Издавачи на книгата се Atlas Network, а како издавач на македонското издание се потпиша Institute for Research and European Studies од Битола, каде беше промовирана во јуни.