Промоција на „Зборигами“

„Зборигами” е новата збирка поезија на авторката Зорица Петкоска надополнета со јапонска естетика.

Промоцијата ќе се одржи денеска, среда (27-ми мај) во автентичен јапонски стил, со примеси на источната култура и традиција, со почеток од 19 часот во Булеварот на книгите (Клуб Матица).

Карактеристично за песните на Петкоска е што претставуваат визуелна поезија и покрај секоја песна има јапонски знак, калиграфски испишан.