Промоција на збирката поезија „Ветување“ на средношколката Анастасија Ѓорѓиоска

Анастасија Ѓорѓиоска ја промовира својата прва книга „Ветување“ во петок (13.11) во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, со почеток во 18.30 часот.

Ѓорѓиоска има 16 години и е втора година во „Д-р Панче Караѓозов“. Првата песна ја напишала кога имала седум години, а оттогаш поезијата е дел од нејзиниот живот.

Како што вели, ова е нејзина прва книга, но се надева не и последна.

„Според самиот наслов на книгата, може да се види дека збор за ветување. Оваа книга ѝ ја ветив на мојата мајка и сега кога таа веќе не е меѓу нас, останува да си го исполнам ветувањето“, вели Ѓорѓиовска за Радио МОФ.

Вели дека има добиено повеќе награди на конкурси за поезија, меѓу кои и награда за најдобра песна од сопругата на Ацо Шопов, Светлана Шопова и награда на Ораторски средби.

Книгата ја издава издавачката куќа Тримакс.