Промоција на видео игри и заедничко „гејмање“ во недела

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во недела во Јавна соба, со почеток од 11 часот, ќе промовира две видео игри, чија цел е покренување на свесноста кај младите за проблемите и потребите на лицата во инвалидски колички, како и потребата за разбирање на различностите и поттикнување на меѓуетничката толеранција.

На настанот ќе бидат промовирани игрите, а присутните ќе имаат можности и да ги играат. Планирани се и други забавни активности, како боење и дружба со извидници.

Видео игрите и настанот се активности спроведени во рамките на проектот „Поддршка на граѓанското општество во креирање политики за социјална кохезија и различности“, поддржан од Британската амбасада во Скопје.