Промоција на стрипот „Сенка“ на Никола Панов во „Бункер“

Во стрип книжарницата „Бункер“ во Скопје на 15 јуни ќе се одржи промоција на стрипот „Сенка“ од Никола Панов.

„Сенка“ е работен околу една година, а станува збор за крими приказна за двајца карактери, раскажана на 53 страни.

Инаку, Никола Панов од Штип, досега ја има реализирано самостојната изложба „Ентропија“. Исто така, краткото стрип парче „Круг“, кое беше добитник на наградата „Лифт“, но и стрип албумот „Сенка“.

Настанот во „Бункер“ ќе се одржува од 12 до 15 часот.

Промотивна цена на стрипот ќе биде 150 денари.