Промоција на романот ,,Кругот на животот“ од Јован Илиески

,,Кругот на животот “ е новата книга на младиот и талентиран автор Јован Илиески, чија промоција ќе се случува утре (3 јуни), во средното музичко училиште „Тодор Скалоски- Тетоец“.

– ,,Кругот на животот” оставa без здив затоа што е книга во која се случува обработка на неколку животи од еднаш, испреплетени приказни, чудесен крај, голема неизвесност и интригантност. Овој роман е и психолошка драма. Сите ликови наизменично се главни ликови затоа што приказната се врти помеѓу сите.

Читателите оваа книга освен што ќе ја засакаат, ќе најдат и одговори на многу прашања за животот. Станува збор за животен психолошки роман кој е огледало на животот во целина. Роман кој ја преточува смислата на животот во смислата на љубовта, посочуваат од Клуб Матица.

„И кој рекол дека светот е голем? Таа можеше да го прегрне со две раце“.

Почетокот на промоцијата е најавен во 19 часот.