Промоција на романот „Јас и Лин, отпосле“ од Ана Стојаноска

Романот на авторката Ана Стојаноска, „Јас и Лин, отпосле“, во издание на „Блесок“, ќе биде промовиран во петок (30.09) во 20 часот, во Факултетот за драмски уметности.

Промоцијата ќе се состои од читање на делови од романот на театарската сцена и прикажување на краток филм снимен за промоцијата.

За разлика од некои промоции на кои се говори, на оваа промоција „ќе биде оставено романот сам за себе да си каже и покаже тоа што го има во себе“, вели авторката.

„Јас и Лин, отпосле“ е колажен роман, кој се базира на две приказни: љубовната приказна на една млада писателка, од една страна, и дел од романот што самата го пишува, од друга. Клучна одредница на романот е цитатноста, односно воспоставените интертекстуални и интермедијални релации со многубројни песни од современата музика, какои со реплики од познати драмски остварувања.