Промоција на првиот видео запис на „Визија“

Алтернативниот рок бенд од Скопје, Визија ќе го прикаже првиот нивен спот за песната „Гласот на мојата душа“, во режија на Марко Џамбазоски.

Бендот „Визија“ постои веќе четири години, а во него членуваат Марко Џамбазоски (соло гитара и придружен вокал), Марко Гапо (вокал и ритам-гитара), Лилјана Јанкова (бас-гитара и придружен вокал) и Синиша Ѓорѓевиќ (тапани).

Тие досега беа дел од неколку музички манифестации на Балканот и одржаа повеќе концерти низ Македонија.

Промоцијата ќе се одржи во четврток, (19 ноември), во 20:30 часот во „Гарсон“ (спроти гимназијата „Јосип Броз Тито“).