Промоција на поетската збирка „Во мојот свет“ во „Umbrella“

Во „Umbrella“ во ГТЦ на 18 април (четврток) од 19 часот ќе биде промовирана поетската збирка „Во мојот свет“, чиј автор е Валентина Попоска, мајка на Симона Попоска, на која и е дијагностициран аутизам.

Рецензент и промотор на поетската збирка е поетесата Анита Бошкова.

Музичкиот дел од програмата ќе го збогати Сузана Турунџиева на пијано, како и студенти од Музичката академија на професор Дарко Багески, на гитара.

Настанот е организиран од Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“, кои се и издавачи на збирката, со поддршка на Шпаркасе банка.

Издавањето на збирката „Во мојот свет“ е во рамки на повеќегодишната кампањата на истоименото  Здружение за подигнување на свеста за аутизмот.