Промоција на платформата „Пријателите на Шара“ со концерт во Тетово

Со концерт пред платото на Културниот дом во Тетово ќе биде промовирана платформата на здруженија на граѓани „Пријателите на Шара“. Настанот ќе се организира во сабота, на 25 септември и ќе биде отворен за сите граѓани кои ја сакаат Шар Планина.

Пред присутните ќе настапат музичките групи „High Control“ и „Këpurdhat“ од Тетово.

Почетокот е најавен во 12 часот.